Медведев предложи зимската универзијада да се организира Русија

Премиерот Дмитриј Медведев предложи да се размисли за организирање на универзијадата за зимски спортови во Русија.

Премиерот Дмитриј Медведев предложи да се размисли за организирање на универзијадата за зимски спортови во Русија. Оваа идеја тој ја изложи на состанокот со членовите на руската репрезентација на универзијадата, пренесува новинската агенција РБК.

„Искуството од Казањ во одредена мера не поттикнува да размислиме за можноста да организираме универзијада во зимски спортови. Ова прашање ќе го разгледаме сега. Доколку е возможно, ќе донесеме соодветна одлука“, истакна премиерот. Според зборовите на Медведев, Русија стана „многу успешна во организација“ на спортски случувања на ниво како што е универзијадата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.