На улиците што водат кон Манежниот плоштад веќе шест часа се насобрани луѓе кои протестираат во знак на поддршка на Алексеј Наваљни и на Петар Офицеров.
„Народниот собир“, чии учесници уште на самиот почеток беа спречени да дојдат на Манежниот плоштад од страна на силите за специјална намена и од внатрешната војска, на крајот тргнаа кон соседните улици – Тверскаја, Охотни Рјад, Моховаја. Демонстрантите неколку пати го блокираа коловозот. Тешко е да се даде оценка за бројот на насобраните, кој во првите неколку часа постојано растеше. Полицијата смета дека има околу 2.5 илјади лица, а очевидците велат дека нивната бројка се движи помеѓу 15 и 40 илјади. Повеќе од 100 лица се приведени. Манежната улица, Охотниј Рјад и и поголем дел од Тверската улица сега се расчистени, а демонстрантите се растерани.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче