Еден од најважните резултати на украинско-рускиот состанок на ниво на премиерите на двете држави, кој се одржа на 12. Јули во Сочи, претставува постигнатиот договор околу производството на авионот Ан-124 „Руслан“, изјави потпретседателот на украинската влада Јуриј Бојко.
„Донесена е одлука за градење заедничко претпријатие за монтажа на авионот Ан-124 „Руслан“, најголем авион во светот. Основачките документи ќе бидат потпишани веќе на седницата на Украинско-рускиот одбор за економска соработка во септември – изјави Бојко.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче