Претседателот на Русија, Владимир Путин се спушти во Балтичкото море, на местото каде е пронајдена потонатата фрегата Олег.
Тој помина половина час на длабочина од 60 метри каде се спушти со подводниот инструмент C-Explorer 5.
Фрегатата Олег потона во 1869 година помеѓу островите Хогланд и Сомерс, кога се судри со друг брод при изведување на сложени маневри. Сега, во рамките на проектот „Морска слава на Русија“ се вршат истражувања за фрегатата. Во првата фаза од истражувањата во јуни експертите спроведоа истражување на бродот со приготвување на фото и видео материјал. За време на втората фаза која започна на 8 а ќе заврши на 20 јули, се испитува надворешната состојба на фрегатата, собирање на артефакти и снимање на документарен филм.
Бродот нема да биде извлечен од морето туку се разгледува можност за креирање на реконструкција, преку предметите земени од бродот. На бродот се пронајдени добро зачувани порцелански садови произведени од фабриката за порцелан Корнилов и гравиран мебел.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче