Меѓудржавната комуникација на РФ и САД е многу поважна од раздорот помеѓу известувачките служби – изјави претседателот Владимир Путин во разговор со новинарите. Тој смета дека ситуацијата со Едвард Сноуден и слични на него случаи не треба да ги комплицираат односите помеѓу државите.
„Имаме свои задачи. Имаме независна надворешна политика“- изјави претседателот на држвата. Путин, исто така нагласи дека поранешниот соработник на специјалните служби, Сноуден, е предупреден за неприфатливи активности, кои нанесуваат штета на САД и на руско-американските односи.
„Едвард Сноуден е млад човек, и навистина не разбирам како се одлучил на тоа и како планира понатаму да го гради својот живот, но сепак тоа е негова судбина, негов избор“ – нагласи Путин. Исто така, рускиот претседател смета дека поранешниот агент на ЦИА не планирал да остане во Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче