На вежбите да не се ризикува - предупреди Путин

Путин поради временските неприлики нареди да се откаже десантот.

Рускиот претседател, врховниот командант на Вооружените сили на РФ, Владимир Путин, на полигонот Цукол (Читинска област РФ) присуствуваше поради офанзивните операции на единицата на Централниот и Источниот воен округ.

На вежбите учествуваат пешадија со повеќе од 3000 војници, авиони Су-25, Миг-24, безпилотни летала. Освен тоа, учествуваа и повеќе од 200 возила оклопна техника.

Во текот на вежбите беше предвиден десант, меѓутоа, поради силниот ветер Путин го откажа тој маневар, велејќи му на шефот на Генералштабот: „Не треба да ризикувате, не полетувајте“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња