Лоцирано потеклото на свинскиот вирус во Москва

Вирусот африканска свинска треска во Русија дошол од микробиолошката лабораторија на САД во Грузија.

Откако вчера објавивме дека во Русија се забележани случаи на свинска треска, денеска стигнува и потврда за можното потекло на вирусот. Директорот на Федералната служба за надзор во областа на заштита на правата на потрошувачите и благосостојба на човекот („Роспотребнадзор“), главниот државен санитарен лекар Генадиј Онишченко, изјави дека вирусот африканска свинска треска во рускиот регион дошол од Грузија. Онишченко нагласи дека во Грузија и понатаму работи микробиолошката лабораторија Воена морнарица САД, која не е под контрола на грузиските власти.

Според неговите зборови, Русија пред година дена издвоила 15 милиона рубљи за купување  опрема за Јужна Осетија и Апхазија, за да се неутрализира опасноста од микробиолошката лабораторија во Грузија. Онишченко изјави дека постоењето на опасност го потврдува фактот дека во Русија од 2007 кружи предизвикувач на африканската свинска треска.

Поради појавата на диви свињи заболени од оваа африканска треска, воведен е карантин во три реони од Московската област. Епидемија на африканската свинска треска е забележана во Белгородската област во која се одгледуваат една четвртина од вкупниот број свињи во Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.