Судот во градот Киров го осуди опозиционерот Алексеј Наваљни на пет години затвор. Тој и бизнисменот Петар Офицеров беа обвинети според член 160 од Казнениот закон (организација на проневера на туѓ имот). Според верзијата од истрагата, на шумската индустрија „Кировлес“ ѝ е нанесена штета во износ од 16 милиони рубли (500.000 американски долари). Во четвртокот судот го осуди Алексеј Наваљни на пет години затвор, а Петар Офицеров на четири.
Поддржувачите на Алексеј Наваљни имаат намера да организираат протест на Манежниот плоштад во Москва, но градските власти го блокираа плоштадот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче