Во Шумихинскиот реон на Курганската област властите беа принудени да го подигнат алармот заради една невообичаена појава: јазовец и ракун нападнаа луѓе. И двата случаја биле на исти ден - 11 јули. Првиот помеѓу селата Родники и Горшково, кога локален жител бил нападнат и му биле изгризани рацете од јазовецот, по што е префрлен во болница.
Вториот случај е забележан во област во близина на Шумихинскиот реон, каде локалните жители при собирање на плодови во шумата биле нападнати од ракун, кој дури се обидел да влезе и во автомобилот во кој се скрил нападнатиот.
Локалните власти велат дека ги преземаат сите мерки за испитување на случаите, а од раководството на Одделот за природни ресурси зачувување на животната средина велат дека се испитува евентуално беснило на дивечот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче