Свинска чума во Москва

Во Московската област регистрирана свинска чума.

Во три округа од Московската област е регистрирана африканска свинска чума и воведен е карантин, изјави министерот за земјоделство на регионот Татјана Тихонова. Пренесувачи на оваа болест се дивите свињи.

Претходно главниот руски санитарен лекар Генадиј Онишченко рече дека не ја отфрла можноста да вирусот на африканската свинска чума може да претставува опасност и за луѓето. Според неговите зборови, свињата по својата физиологија е многу блиска со човекот и се разболува на исти начин како и човекот. Според тоа, постои можност да при нова мутација на вирусот, тој стане опасен и за луѓето.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња