Српска црковна делегација допатува во Москва

Српските великодостојници ќе престојуваат во Москва од 16 до 30 јули.

Поглаварот на Српската православна црква, Патријархот српски Иринеј вчера пристигна во Москва во официјална посета на Руската Православна црква.

Во делегацијата на Српскиот патријарх се наоѓа и Митрополитот црногорски-приморски Архиепископот цетински Амфилохиј и други епископи.

На московскиот аеродром Шереметјево, Патријархот Иринеј и делегацијата на СПЦ срдечно беше дочекана од Митрополитот рјазански и михаиловски Павле со други претставници на Руската Православна Црква, како и амбасадорот на Република Србија во РФ, Славенко Терзиќ. Делегацијата ќе биде во Москва до 30 јули.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња