Ширење читателска култура

Роспечат основа читателски клубови во Русија.

Федералната агенција за печат и масовна комуникација објави тендер за имплементација на низа случувања, со цел во Русија да се создадат читателски клубови, известува РИА Новости. На националниот сајт за набавки се известува дека за таа цел се наменети 2,2 милиони рубљи.

Првите читателски клубови се организирани во Централниот и Приволжскиот округ, каде ќе бидат спроведени четири седници. Во Москва ќе се организира семинар за работниците и сопствениците на книжари. Исто така, се планира да се основаат неколку групи на социјални мрежи. Цел на ваквите случувања е популаризација на читањето.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.