И во Русија проблем со матурите

Раководителот на Рособрнадзор поднесе оставка после аферата околу матурскиот испит.

Раководителот на руската Федерална служба за надзор во областа на образованието и науката (Рособрнадзор) Иван Муравјов, поднесе оставка, пренесува РИА „Новости“. Оставката на Муравјов се поврзува со аферата која оваа година ја следеше големата матура во Русија – т.н. Единствен државен испит (ЕГЭ). Медиумите известуваа за голем број неправилности и прекршување на прописите, вклучувајќи и објавување на решени задачи на Интернет пред почетокот на испитот и користење на мобилни телефони за време на испитот.

Освен тоа, и организаторите ги прекршувале правилата на испитот.

Рособрнадзор е основан во 2004 година, и покрај административната подреденост на Министерството за образование и наука РФ, претставува независен орган кој е задолжен за подготовка и спроведување на Единствениот државен испит (ЕГЭ) во Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња