Московскиот суд денес го одобри апсењето на ерменскиот граѓанин Грачја Арутјуњан кој е обвинет за сообраќајната несреќа во Нова Москва, во која загинаа 18 луѓе.
Камионот натоварен со песок, на 13 јули, на територијата на Нова Москва, се судри со патнички автобус. Загинаа 18 луѓе. Десетина луѓе се наоѓаат во болница со повреди од различен степен. Во Москва, 15 јули беше прогласен за ден на жалост за загинатите во оваа несреќа.
„На притворениот Арутјуњан му се изрекува казна мерка задржување во затвор во рок од два месеца – се вели во одлуката на судот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче