Сноуден побара азил во Русија

Поранешниот соработник на ЦИА бара да остане во Русија.

Поранешниот соработник на ЦИА Едвард Сноуден, поднел барање за привремен азил до Федералната служба за миграција на РФ. Ова го соопшти адвокатот Анатолиј Кучерна, кој го советува Американецот. Тој појасни дека поради тоа што Сноуден не може да ја напушти транзитната зона на „Шереметјево“, тој бил принуден таму да ги пополни сите потребни документи и да поднесе барање до специјалниот соработник на Федералната сужба за миграција на РФ.

Ваквата можност беше делумно најавувана и од порано, дури и од самиот Министер за надворешни, Сергеј Лавров. Практично, Сноуден, како што претходно изјави и Владимир Путин, беше „заробен“ на аеродромот во Москва.

Сноуден кој уште на крајот на минатиот месец пристигна на аеродромот „Шереметјово“, стана главен проблем на Американците поради доверливите документи за прислушкување што ги поседува, и ги затегна реалциите со Русија

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.