Пола планета гледа Универзијада

Скоро половина од населението во светот ја следи Универзијадата во Казањ преку ТВ екраните.

Според податоците на министерот за спорт РФ Виталија Мутко, Универзијадата во Казањ, која по бројот на учесници е најмасовна во историјата, преку ТВ екраните ја следат дури 3 милијарди гледачи, пренесува РИА„Новости“.

„Конкуренцијата е на ниво на олимписките игри, а салите се преполни. Многу сме задоволни како се се одвива. Бројот на ТВ гледачи се повеќе расте: според денешните податоци, 3 милијарди луѓе во 115 земји ширум светот го следат преносот на Универзијадата“, истакна Мутко. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња