Државниот Парламент го прифати законот кој ги обврзува странските возачи, кои сакаат да работат во Русија како автопревозници, да добијат руска возачка дозвола, рече за РИА Новости во понеделникот шефот на Комитетот за транспорт во Државниот Парламент Евгениј Москвичев.
Во понеделникот весниците пишуваа за тоа дека пратениците сакаат, после честите несреќи во нова Москва, да донесат предлог-закон кој ги обврзува странските возачи да имаат руска возачка дозвола.
Во саботата камион со песок удри во автобус со 64 патници кој возел од Подолск кон Курилово. Според податоците на Министерството за вонредни ситуации, настрадале 63 луѓе, 14 загинале на лице место, а четворица починале во болница.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче