Лавров му препорача на Сноуден да се обрати во Федералната служба за миграција

Случајот „Сноуден“ добива нови моменти.

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, му препорача на поранешниот соработник на CIA, Едвард Сноуден да се обрати во Федералната служба за миграција во случај да сака да добие политички азил во Русија, известува Интерфакс. Оваа изјава на Лавров е одговор на барањето на Сноуден за привремен азил во Русија.

Според зборовите на Лавров, руското Министерство за надворешни работи не контактира со Сноуден, а тој сам дознал за барањето на Сноуден од печатот. Лавров истакнал дека Федералната служба за миграција е првиот чекор за добивање политички азил.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња