Израел уништи руски ракети во Сирија

Израелска подморница уништила складиште со руски ракети во Сирија.

Сириски воен објект во градот Латакија, во кој биле сместени противбродски ракети од рускиот производител „Јахонт“ бил уништен од страна на израелска подморница од класата „Делфин“ која го гаѓала ова складиште со крстаречки ракети. Нападот на израелската подморница бил координиран со Вашингтон, пренесува порталот vz.ru повикувајќи се на весникот „The Sunday Times“.

Според британскиот весник, цел на нападот била серија од 50 единици противбродски ракети „Јахонт П-800“ од руско производство кои биле испорачани со вооружените сили на претседателот Башар ел Асад во текот на оваа година.

Израелскиот министер за одбрана Моше Јалон ја негираше нивната замешаност во овој случај. Сириската опозиција претходно исто така се одрече од одговорноста за овој инцидент, префрлајќи ја на Израел.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.