Прехрамбените компании можеби ќе отвораат кафулиња во московските библиотеки, известува РИА Новости, повикувајќи се на Александар Иванов, заменик директор на московскиот оддел за трговија и услуги.
„Главна тема е приклучување на нашата индустрија (компании за јавна прехрана) кон најразлични области кои моментално не се вообичаени за нашиот вид на бизнис. Овде секако може да ги класифицираме и библиотеките„, рече Иванов.
Според неговите зборови, најпрво е потребно да се направат такви кафулиња во библиотеките во центарот на Москва. Притоа, неговиот соговорник истакна дека некои библиотеки веќе започнале самостојно да остваруваат слични проекти, нудејќи им на своите читатели колачи со чај или кафе.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче