Светското првенство во хокеј со топка во 2016 ќе се одржи во Улјановската област во Русија

Претендент за одржување на првенството во 2016 година беше исто така и рускиот град Хабаровск.

Улјановската област во Русија го доби правото за одржување на светското првенство во хокеј со топка во 2016 година, пренесено е на официјалната интернет-страница на губернаторот и владата на Улјановската област.

„Ова решение беше донесено на 14 јули на конгресот на Меѓународната федерација во Црна Гора“, се кажува во соопштението.

Претендент за одржување на првенството во 2016 година беше исто така и рускиот град Хабаровск.

Хокејот со топка е еден од најстарите видови спорт во регионот: првиот официјален натпревар се одржал во Улјановск во 1925 година.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња