Хеликоптерска несреќа во Сибир. Повредени се 15 луѓе

На северот на Томската област, во хеликоптерска несреќа на Ми-8 повредени се 15 луѓе.

На северот на Томската област, во хеликоптерска несреќа на Ми-8 повредени се 15 луѓе. Освен тоа, четворица се во тешка состојба. Како што соопштува регионалната управа на Министерството за вонредни состојби, сите повредени се префрлени во болница во градот Тар.

Во хеликоптерот се наоѓале 14 патници и тројца членови на екипажот. Несреќата се случила вчера недалеку од Иголско-Таловото наоѓалиште на нафта. Хеликоптерот не можел да достигне височина и паднал странично.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња