На бродовите во единиците на Касписката флотила пристигнаа 400 регрути од пролетната класа. Младите морнари на бродовите дојдоа заедно со психолози. Нивната најважна задача е на тие млади луѓе да им помогнат во процесот на адаптација на суровото секојдневие на бродовите.
Освен традиционалните методи и тестови, психолозите за прв пат во работата со војниците ќе примена и т.н. арт-терапија. Тоа е практичен метод во кој во тераписки цели се користи цртеж, слика, графика, мозаик и колаж, работа со пластелин, фотографија и музикотерапија.
Во работата со младите војници ќе се користи и терапија со бајки. За тераписки цели се читаат руски народни бајки, но и бајки од другите народи, како и текстови поврзани со светската историја.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче