Русија е подготвена да даде економска помош на Египет

Руските власти се подготвени да го разгледаат прашањето за доделување економска помош на Египет, соопшти заменикот министер за надворешни работи на Русија, Михаил Богданов за агенцијата РИА Новости.

Руските власти се подготвени да го разгледаат прашањето за доделување економска помош на Египет, соопшти заменикот министер за надворешни работи на Русија, Михаил Богданов за агенцијата РИА Новости. Такво барање засега не е пристигнато, но Москва не ја исклучува и таа можност, земајќи ја предвид економската ситуација во Египет после смената на власта.

„Не ја исклучуваме можноста Египет да побара економска помош како што веќе побара од некои земји од Персискиот залив“, изјави Богданов, додавајќи дека новите египетски власти се трудат руските претставници да бидат во тек со ситуацијата во таа земја.

Според неговите зборови, во случај Египет да се обрати кон Русија за помош, може да смета не само на финансиски средства, туку и на помош од страна на руските компании. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња