Министерството за одбрана на Русија во целост ја исполни нормата за пролетната регрутација која траеше од 1 април до 15 јули. Во редовите на Вооружените сили на Русија се најдоа 153.200 луѓе, соопштено е на прес-службата на Министерството за одбрана на Русија, а информацијата ја пренесува РИА Новости.
Во Министерството за одбрана наведуваат дека бројот на регрути кои се праќаат во воените единици е утврден со потребите на Вооружените сили на Русија.
Во Министерството додаваат дека повеќето регрути се префрлуваат на местото на службата со железнички сообраќај, додека во пооддалечените региони, на Камчатка, Сахалин и во Калининградската област воените обврзници пристигнуваат со воен транспорт и цивилни авиони.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче