Војската на Источниот воен округ се наоѓаат во состојба на полна воена готовност поради ненајавената проверка, која треба да стане најголемата од таков вид од 1991 година па до сега, соопштено е на прес-службата на Министерството за одбрана на Русија.
Претседателот Владимир Путин претходно нареди во ноќта на 12 јули да се започне со ненајавена воена проверка во Источниот воен округ.
„Главна цел на оваа акција е проверката на готовноста на армијата да извршува задачи, а исто и оценка на нивото на обученоста на војската и техничката подготвеност“, се пренесува во соопштението, пренесено од РИА Новости.
Руското министерство за одбрана изјавува дека во оваа проверка ќе учествуваат повеќе од 80.000 војници, околу 1.000 тенкови и оклопни машини, 130 авиони и хеликоптери, како и 70 бродови.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче