Русија реши да замине „назад во иднината“, избирајќи го „стариот и добар начин“ за заштита на тајната комуникација, пишува The Washington Times. Така весникот ја коментира веста за купувањето на машини за пишување кои ќе ги користат сите институции кои разменуваат тајна кореспонденција. Претходно е соопштено дека веќе е дадена официјална понуда за сума од околу 700.000 денари на порталот за државни услуги за набавка на машини за пишување.
Во статијата се забележува дека секоја машина за пишување има посебен стил на пишување, и затоа лесно може да се открие на која машина за пишување е напишан одреден документ, и соодветно, кој го пишувал.
The Wall Street Journal пишува дека Кремљ за заштита на своите тајни го избрал „нискотехнолошкиот“ метод.
Од друга страна, The Daily Mail забележува дека во епохата на сајбер-војните, Русија нашла идеално средство за борба со хакерите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче