Тешка сообраќајка во Москва

Најмалку 55 се повредени, 6 се на реанимација.

Најмалку 18 лица загинаа, меѓу кои е и едно дете, а 55 се повредени при судар на автобус со камион КамАЗ. После сударот со камионот кој превезувал градежни материјали, автобусот практично се раздвоил на два дела. Автобусот се движел од Подољск кон Жахово, кога од спореден пат, во него практично влетал камионот и го раздвоил автобусот на две. Шоферот на камионот, 46 годишен жител на Ерменија, е жив и моментално се наоѓа во Боткинската болница. 

На местото на несреќата се упатени екипи за итни случаи, а заради обемот на несреќата, таму се наоѓаат и хеликоптери за итни случаи.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.