Судот го затвори случајот против Магнитски и го прогласи за виновен

Тверскиот суд во Москва го прогласи ревизорот на британскиот фонд Hermitage Capital, Сергеј Магнитски, кој умре во истражниот затвор во 2009, за крив поради избегнување на даночни обврски, со што случајот за неговата смрт е затворен, пренесува РИА Новости.

Судот исто така за истиот деликт во отсуство го осуди на девет години колонија директорот на британскиот фонд Hermitage Capital, Вилијам Браудер, во чиј интерес, според мислењето на судот, работел Магнитски.

Смртта на Магнитски, која, според податоците на Врховното обвинителство, настапила после кардиоваскуларна инсуфициенција, предизвика голема јавна резонанса во САД и Европската унија. Стејт департментот на САД воведе визни ограничувања за руските функционери, кои наводно се поврзани со случајот на ревизорот, и кои се наоѓаат во т.н. „список Магнитски“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња