Русија со силни мерки ќе одговори на САД во случај на „војна на црните списоци“

Ако властите на САД продолжат да ги поддржуваат приврзаниците на „војната на црните списоци“, тогаш тие ќе добијат од Русија „решителен и цврст одговор“. Ова го изјави официјалниот претставник на МНР на Русија, Александар Лукашевич.

Лукашевич ја прокоментира информацијата од американските политичари за намерите на Вашингтон да го прошири „списокот Магнитски“, вклучувајќи во него имиња на граѓани на Русија против кои се воведени визни и банкарски санкции.

Според зборовите на дипломатот, „војната на црните списоци“ води во ќорсокак.

„Ја повикуваме американската администрација да покаже разум и да не презема мерки кои  ќе ја влошат атмосферата на билатералните односи“, резимираше Лукашевич. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња