Обама и Путин разговараа за ситуацијата околу Сноуден

Претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Барак Обама по телефон разговараа за билатералната соработка, прашањата околу безбедноста и ситуацијата околу поранешниот соработник на ЦИА, Едвард Снодуен, изјави портпаролот на рускиот лидер, Дмитриј Песков.

„По иницијатива на американската страна беше направен телефонски разговор меѓу претседателите на Русија и САД. Путин и Обама разменија мислења за прашањата на билатералната соработка, како и за ситуацијата околу Сноуден“, пренесува Интерфакс.

Претходно Сноуден побара од руските правни застапници да му помогнат да добие привремен политички азил во Русија, барем додека ги добие потребните документи за да замине во една од латиноамериканските држави. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња