Три сериски тактички бомбардери Су-34 се предадени на Военото воздухопловство на Русија. Тоа за ИТАР-ТАСС го соопшти прес-службата на компанијата „Сухој“.
„Три авиони полетаа и се упатија кон локација во Воронеж. Едно од леталата кои се предвидени според годишните државни планови за набавка на авиони во 2013 е предадена уште во мај годинава и активно се користи“, изјави претставник на компанијата.
Повеќенаменскиот тактичен бомбардер Су-34 според борбените карактеристики припаѓа на генерацијата 4+. Овој авион ефикасно уништува цели на земјата, во воздухот и на море во било кои временски услови. Авионите Су-34 во перспектива треба да го заменат целиот авио-парк тактички бомбардери Су-24 кои сега се наоѓаат во вооружувањето на руската армија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче