Списанието Forbes состави рејтинг на бизнисмените во Русија кои потрошиле најмногу средства за доброчинство во 2012 година. Списанието ги зеде предвид само личните расходи без програмите за добротворство на компаниите, каде бизнисмените се акционери.
Анкетирајќи 50 лидери на списокот, списанието доби одговор од осуммина. Според нивните зборови, во 2012 година тие потрошиле за доброчинство околу 400 милиони долари.
На првото место меѓу меценатите се најде Алишер Усманов, најбогатиот Русин. Тој дал за добротворство околу 180 милиони долари. Тој ги поддржува театрите, музеите, спортот, како и проекти за помош на деца.
На второто место се најде Роман Абрамович, кој дал 111 милиони долари. Неговото добротворство вклучува проекти на Чукотка, поддршка на уметноста и културата, како и поддршка на еврејските заедници во Русија.
На трето место е деловниот партнер на Усманов, Андреј Скоч, кој има дадено 40 милиони долари за добротвроство.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче