Тенкот „Армата“ ќе биде прикажан пред раководството на Русија во септември

Потпретседателот на руската влада, Дмитриј Рогозин, изјави дека новиот тенк „Армата“ ќе биде премиерно претставен на највисокото раководство на Русија во затворена форма на изложбата на оружје во Нижни Тагил „Russian Arms Expo“ во септември 2013.

Претходно поради тајноста на проектот конструкторите одбија да ја тргнат завесата околу новиот руски тенк. Сепак, познато е дека на платформата на тенкот „Армата“ ќе бидат монтирани артилериски системи и комплекси за ПВО. Истовремено во Министерството за одбрана кажуваат дека „Армата“ е тенк кој ќе биде најдобар во светот и кој треба да стане основна борбена единица во вооружувањето на руската копнена војска. Овие тенкови треба да влезат во вооружувањето на руската војска во 2015 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња