Едвард Сноуден се сретна во аеродромот Шереметјево со руските правни застапници за да побара поддршка во обезбедувањето на политички азил во Русија.
Руските правни застапници се првите кои потврдија дека Едвард Сноуден се наоѓа во московскиот аеродром Шереметјево, после цели три недели откако тој долета од Хонгконг.
Денес Сноуден објави соопштение во кое тој изрази желба да се сретне со правни застапници во 17:00 часот за да даде кратка изјава.
Таа изјава воедно беше молба да се поддржи неговото барање за давање политички азил во Русија.
Средбата беше одржана со Сноуден зад затворени врати во Терминалот Е во Шеремејтево околу пет часот вечерта и траела околу 40 минути.
„Руска реч на македонски“ ќе ги следи случувањата околу оваа тема и навремено ќе ве информира.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче