Државниот музеј на новата западна уметност, кој сакаше да го обнови поранешната директорка на Државниот музеј „А. С. Пушкин“, Ирина Антонова, нема да биде обновен. Како што пренесува РИА Новости, тоа се кажува во писмото од претседателската управа кој го добил директорот на Ермитаж, Михаил Пиотровски.
Штом Антонова кон крајот на април ја покрена расправата околу обновата на Државниот музеј на новата западна уметност, таа побара таму да се префрли дел од колекцијата на Ермитаж, по што Пиотровски напиша писмо на рускиот претседател Владимир Путин. Сега, според зборовите на директорот на Ермитаж, има одговор на тоа писмо. Во него се кажува дека Државниот музеј на новата западна уметност нема да биде обновен.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче