Рускиот патријарх им препорачува на Русите помалку да се веселат

Патријархот Московски и на цела Русија, Кирил, смета дека во животот на Русите има повеќе веселење отколку што е потребно, и препорачува помалку веселење и повеќе време да поминуваат самите со себе.

Патријархот Московски и на цела Русија, Кирил, смета дека во животот на Русите има повеќе веселење отколку што е потребно, и препорачува помалку веселење и повеќе време да поминуваат самите со себе.

„За да се ослободат од товарот - емоционалниот, психолошкиот - на современиот човек секогаш му е потребно да биде сам со себе. За жал, тоа луѓето не секогаш со осознаваат“, ги пренесува неговите зборови „Интерфакс“.

Кирил додаде дека многумина грешат кога ги избираат патиштата за повторно полнење на својата животна енергија.

„Многумина погрешно го сфаќаат дури и периодот на одмори - сметаат дека тој треба да се помине што е можно повеќе време со веселби. А веселби во нашиот живот сега има многу повеќе отколку што е потребно“, појасни тој, забележувајќи дека добро место за поминување на одморот е Валаам.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња