Во заедничките вежби на Русија и Кина учествуваше цела „армада“ воени бродови, пишува The New York Times. Како што смета весникот, Москва и Пекинг ја изведоа таа акција за да демонстрираат растечко единство меѓу двете држави, чии односи историски не се развивале секогаш најдобро.
Претходно беше соопштено дека во пристаништето на Владивосток дошле разурнувачите „Шенја“, „Шицјачужуан“, „Ухан“ и „Ланчжу“, фрегатите „Јантај“ и „Јанчен“ за учество во заедничките вежби „Морска соработка 2013“.
Како што смета авторот на статијата, овие вежби имале уште една цел: бидејќи САД повторно се интересираат за Азија, Пекинг сака да му покаже на Вашингтон дека во тој регион нема да биде сам. Имено затоа Кина има тесни воени и економски врски со Русија - држава која Пекинг долго време ја гледал сомничаво, се кажува во статијата.
Од своја страна, пак, кинеското издание People пишува дека истовремено со вежбите на Русија и Кина се одржале заеднички маневри на САД и Јапонија кај Хокаидо. Како што кажува авторот на статијата, местото двете вежби се одржани на далечина од само 800 километри.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче