ЕУ ја предаде првата тужба против Русија во судот на СТО

Европската унија ја предаде во Светската трговска организација првата тужба против Русија откако оваа земја стапи во СТО во август 2012.

Европската унија ја предаде во Светската трговска организација првата тужба против Русија откако оваа земја стапи во СТО во август 2012. Причината за ваквиот чекор е данокот за употреба на патнички автомобили и камиони произведени на територијата на Русија или увезени од странство, воведен  на 1 септември 2012 година.

Според мислењето на европските експерти, данокот за употреба е воведе поради заштита на руските произведувачи на автомобили после намалувањето на царината на увозните автомобили во рамките на СТО.

Според законот, од данокот мора да бидат ослободени производителите кои гарантираат безбедно користење на возилата кои ги произвеле. Таа обврска врз себе ја презедоа главните руски произведувачи на автомобили. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња