Врховниот суд на Русија го забрани носењето хиџаб во училиштата

Врховниот суд на Руската Федерација ја призна законската забрана за носење хиџаби во училиштата во Ставрополскиот крај.

Врховниот суд на Руската Федерација ја призна законската забрана за носење хиџаби во училиштата во Ставрополскиот крај.

„Ограничувањето за надворешниот изглед ќе обезбеди нормално функционирање на училиштето, еднаквост во конфесиите на учениците. Надворешниот изглед на учениците треба да одговара со деловниот стил“, се кажува во решението на судот.

Сепак, муслиманите не се задоволни од ова решение. Тие поднесоа жалба до Врховниот суд, кажувајќи дека се нарушуваат нивните уставни права со забраната за носење хиџаб.

Приказната со хиџабите доби голема општествена популарност есента минатата, кога стана јасно дека пет ученички не биле пуштени во муслимански марами. Тогаш на секое училиште во крајот била воведена униформа. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња