Во Русија има 36,9 милиони автомобили, од кои 13,6 милиони се Лада

Аналитичката агенција „Автостат“ пресмета дека во Русија на 1 јануари годинава имало регистрирано 36.900.000 автомобили.

Аналитичката агенција „Автостат“ пресмета дека во Русија на 1 јануари годинава имало регистрирано 36.900.000 автомобили. Според марките, во структурата на автомобилскиот пазар доминира Лада со 13.670.000 автомобили (37% од пазарот).

Второто место во списокот го зазема Тојота: секој дванаесетти жител на Русија има автомобил Тојота (3.130.000 автомобили).

Нисан е на третото место најпродавани автомобили во Русија со продадени 1.500.000 автомобили.

Четвртото место го зазема рускиот „ГАЗ“ со 1.400.000 продадени автомобили, а на петтото место се најде „Москвич“ со 1.270.000 автомобили. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња