Во Москва се одржува фестивал на словенската уметност

Организаторите очекуваат околу 70.000 гости од 38 руски региони.

Вториот по ред Меѓународен фестивал на словенска уметност „Руско поле“ ќе се одржи на 20 јули во московскиот парк „Коломенское“. Оваа свеченост е поврзана со 1025 годишнината на Христијанизирањето на Русија во 988 година, кое се одбележува на 28 јули.

Гостите на прославата ќе имаат прилика да се запознаат со древните руски обичаи, ќе можат да учествуваат во различни натпреварувања, да играат народни игри и со своите раце да направат кукли и грнчарија. На посетителите ќе им биде понудено да пробаат словенски јадења, подготвени баш како што се подготвувале пред 1.000 години. Кулминацијата на фестивалот ќе биде хорското изведување на руските народни песни.

Организаторите очекуваат околу 70.000 гости од 38 руски региони. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.