На местото на падот на „Протонот“ неопходна е детоксикација на 1,3 хектари земја

Ракетата-носач „Протон-М“ со трите сателити ГЛОНАСС експлодираше веднаш после лансирањето на 2 јули. Според досегашните податоци, за оваа несреќа виновен е човечкиот фактор.

После падот на ракетата-носач „Протон-М“, 1,3 хектари земја кои се наоѓаат околу космодромот Бајконур имаат потреба од детоксикација. Ова го изјави претставникот на министерството за животна средина на Казахстан, Жомарт Алиев.

„Според резултатите од хемиската анализа на почвата околу местото каде падна ракетата, донесени се заклучоци и препораки за детоксикација на почвата.“, изјави Алиев.

На местото на падот на „Протонот“ откриена е зголемена концентрација на хептил. Според податоците, концентрацијата на оваа материја е за 527 пати поголема од препорачаната.

Ракетата-носач „Протон-М“ со трите сателити ГЛОНАСС експлодираше веднаш после лансирањето на 2 јули. Според досегашните податоци, за оваа несреќа виновен е човечкиот фактор. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.