FT: споровите меѓу Москва и Брисел продолжуваат и после влегувањето на Русија во СТО

Весникот не исклучува дека судскиот спор околу ова прашање може да трае со години.

Трговските недоразбирања меѓу Москва и Брисел продолжуваат и откако Русија стапи во Светската трговска организација во август 2012, пишува The Financial Times. Како што пишува весникот, Кремљ добил официјална порака од ЕУ за почетокот на консултациите околу спорот за руската давачка за утилизација за странските автомобили.

Претходно е соопштено дека Русија има 10 дена за да одговори на барањето за консултациите. Потоа, според правилата на СТО, една партија може да побара создавање арбитрарна група. Во тој случај ЕУ и Русија ќе се сретнат на суд во септември.

Во статијата се кажува дека после влегувањето на Русија во СТО европските дипломати изразувале надеж дека СТО ќе ѝ „наметне“ на Русија претскажувачка трговска шема. Сепак, Кремљ регуларно ги руши тие надежи, пишува весникот.  

The Wall Street Journal исто така забележува дека членството на Русија во СТО треба да им помогне на трговските односи на Москва и Брисел. Сепак, според зборовите на европските чиновници, многу бариери се уште присутни, а кон нив се додадени и нови.

Весникот не исклучува дека судскиот спор околу ова прашање може да трае со години. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.