Русија произведува најголемо количество нафта во последниве 25 години - 10,53 милиони барели во едно деноноќие, пренесува „Ведомости“.
Според информацијата на весникот, нафтениот сектор и понатаму го зголемува производството на нафтата, иако експертите сметаат дека тоа ќе биде се потешко во иднина.
10,53 милиони барели за еден ден биле последен пат произведени во 1988 година. За рекордот „виновни“ се два фактора: растот на производството на едно од наоѓалиштата на „Роснефт“, како и раст на производството на наоѓалиштата на „Гаспром“.
Според информацијата на весникот, Русија одамна ја надмина Саудиска Арабија според количината на произведена нафта. Саудиска Арабија лесно може да го зголеми производството до 12,5 милиони барели на ден, но не го прави тоа за да не ја намали цената на нафтата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче