Граѓаните на Русија ја изгубија надежта во ефективноста на борбата со корупцијата, пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на истражувањето на Transparency International.
Според истражувањето, најкорумпиран во Русија е судскиот систем (59%), а потоа законодавната власт (54%) и вработените во јавната сфера (74%). Како доста корумпирана Русите ја сметаат и сопствената полиција (66%).
„Според мислењето на анкетираните, ниту во една област во последните три години корупцијата не се намалила: не само тоа, се смета дека корупцијата во бизнисот и некомерцијалните организации е зголемена“, се кажува во соопштението на компанијата.
Притоа 45% од анкетираните се уверени дека нивните глас има значење, 86% се подготвени да соопштат случај на корупција, додека пред три години само 52% од граѓаните биле подготвени на истото.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче