Собранието на народите на Русија го поддржа основањето на општественото движење Народен фронт „За Русија“, чиј лидер е избран Владимир Путин. Ова е пренесено на обраќањето на шефот на државата на 6-от конгрес во Москва.
Во документот се наведува дека учесниците на конгресот високо го вреднуваат курсот на претседателот на Русија кој е насочен кон „јакнење на државата, целовитост и национална безбедност, зголемување на благосостојбата и квалитетот на животот на народот во Русија, зачувување и развој на културата, традициите и јазиците на народите во Русија, како и хармоничен развој на меѓуетничките односи“.
Собранието на народите на Русија е основано во склад со Концепцијата за државна национална политика на Руската Федерација. Тоа делува како единствена институција на граѓанското општество во Русија и ги исполнува задачите за зачувување и јакнење на мирот и слогата меѓу народите на Русија. Во работата на Собранието учествуваат претставници на федералните и регионалните органи на власта, општествени и национално-културни здруженија и младински организации, како и научни и културни работници и уметници.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче