Русија предаде на ООН анализи од хемиското оружје во Сирија

Русија му предаде на генералниот секретар на ООН анализи од примероците на хемиското оружје кое се претпоставува дека е употребено во Сирија. Ова го пренесува РИА Новости, повикувајќи се на Виталиј Чуркин, постојаниот претставник на Русија во ООН.

Руските експерти кои работат во Сирија појаснија дека користењето на хемиско оружје во Алепо не потекнува од индустриски комплекси, бидејќи содржел сарин.

Претходно е соопштено дека војската на Башар Асад во реонот околу селото Хан ал-Асал во провинцијата Алепо користела хемиско оружје, поради што загинале околу 30 луѓе. Сепак, според зборовите на Чуркин, хемиското оружје најверојатно е користено од бунтовниците. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.