Најголемите руски „онлајн“ заедници „Вконтакте“ и „Одноклассники“ се најдоа меѓу десетте најголеми социјални мрежи во светот

Првото место на ранг-листата го зазема "Facebook" со 834,8 милиони корисници, што е 53% од членовите на сите социјални мрежи во светот.

Најголемите руски социјални мрежи „Вконтакте“ и „Одноклассники“ се најдоа меѓу десетте најголеми социјални мрежи во светот, заземајќи го деветтото, односно десеттото место, пренесува весникот „Експерт“, објавувајќи ги резултатите од истражувањето на аналитичката компанија "comScore", која правеше статистика за околу 100 меѓународни социјални мрежи.

Социјалната мрежа „Вконтакте“ го зазеде деветтото место во светот со речиси 80 милиони корисници, што е 5% од сите членови на социјалните мрежи во светот, додека „Одноклассники“ се најде на десеттото место со 65 милиони корисници, односно 4,2% удел.

Првото место на ранг-листата го зазема "Facebook" со 834,8 милиони корисници, што е 53% од членовите на сите социјални мрежи во светот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.