Американците веќе не се најдебелата нација во светот, пишува The Daily Mail, повикувајќи се на новото истражување на ООН. Жителите на САД се сместија на второто место, а на првото се најдоа Мексиканците.
Денес околу 70% од возрасните граѓани во Мексико имаат зголемена телесна тежина, а дебели се околу една третина од нив.
Второто место во списокот е за Американците, додека на третото се жителите на Сирија. Граѓаните на Венецуела и Либија го делат четвртото место.
Во првата дваесетка се најдоа и жителите на Вануату, Ирак, Аргентина, Турција, Чиле, Чешка, Либан, Нов Зеланд, Словенија, Малта, Панама, Израел и Австралија.
Русите го делат 19-то место заедно со Британците.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.